НА ПОЧЕТОК          ЗА НАС          УСЛУГИ          ЗА ИНВЕСТИТОРИ          ЛИНКОВИ          КОНТАКТ    


ПОНУДА НА НЕДВИЖНОСТИ

 

  СТАНОВИ

  КУЌИ

  ДУЌАНИ

 КАНЦЕЛАРИИ

  ПЛАЦОВИ

  ЗЕМЈИШТЕ

 


 

ПРИЈАВЕТЕ НЕДВИЖНОСТ ЗА ПРОДАЖБА ИЛИ ИЗНАЈМУВАЊЕ.

 ДА ЈА ПОНУДИМЕ НА НАШИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ  КЛИЕТНИ

 

ПРИЈАВИ НЕДВИЖНОСТ

 


 

 

 

 

 

 

 

ЗА НАС

 

КАПИТАЛ ГРУП дооел- Скопје е специјализирана компанија за работа со недвижности и давање на консултантски услуги поврзани со недвижностите, која веќе неколку години успешно работи и нуди широк спектар на услуги поврзани со недвижностите на заинтересираните клиенти на подрачје на Скопје и на цела територија на Република Македонија.

 

Нашата мисија е да бидеме Ваш партнер во работењето со недвижности во Македонија, а тоа планираме да го направиме со континуирано транспарентно  работење, квалитетна услуга и најдобра голема и атрактивна понуда на проверени недвижности (градежно земјиште, фабрики, станови, деловен простор, земјоделско земјиште, куќи и др.)

 

На нашите клиенти им нудиме комплетни квалитетни и професионални услуги кои ги опфаќаат следниве сегменти:

  • Посредување при купување на недвижности

  • Посредување при продажба на недвижности

  • Посредување при изнајмување на недвижности

  • Имотен менаџмент

  

Во своето работење посебно внимание посветуваме на соработката со компании инвеститори на кои можеме да им понудиме комплетни услуги за инвестирање во недвижности во Скопје и останатиот дел од Македонија, при што им нудиме голема понудата на атрактивни градежни локации за изградба на згради, шопинг центри, хотели, фабрики и др., во Скопје и Македонија по многу поволни услови.

 

Комплетната понуда на услуги компании/инвеститори се состои во:

 

-   - пронаоѓање на атрактивно земјиште за градење на згради, шопинг центри, бензински пумпи, фабрики и други недвижности при што обезбедуваме комплетна проверка на документацијата со што се осигурува сигурност на купувачот при склучување на договор за купување недвижност.

-   - средување на комплетна документација и вадење на сите потребни дозволи за градба , продажба на недвижности и средување на сите процедури пред надлежните владини и општински институции.

-   - комплетни катастарски услуги и изработки на потребни елаборати за запишување на недвижности во катастар, изработка на комплетна документација за дефинирање на граници на земјишта и слично

-   - давање комплетни правни и финансиски советувања и услуги поврзани со активности околу промет на недвижности.

 

 

Покрај главната дејност на работењето КАПИТАЛ ГРУП дооел Скопје-Македонија, во соработка со нашиот реномиран партнер , на своите клиенти може да им понуди и услуги поврзани со:

-         -   изготвување на геодетски елаборати за различни потреби

-         -  застапување при откуп или трансформација на земјиште

-         - застапување и водење на постапка за пренамена и урбанизација на земјиште и подготовка на документација за измена на ДУП – детален урбанистички план за зголемување на дозволена површина и висина за градба.

 

На своите клиенти им нудиме услуга која започнува од презентација на недвижноста, а завршува во моментот на склучување на купо-продажен договор, при што главен акцент ставаме на сигурноста и задоволството на сите страни вклучени во процесот на купо-продажбата на конкретната недвижност.

 

Со надеж за соработка Ве повикуваме да се придружите на големиот број наши задоволни клиенти.

 

Ваш сигурен партнер за недвижности

 

 

КАПИТАЛ ГРУП дооел

Скопје – Македонија

 

 


КАПИТАЛ ГРУП дооел Скопје, Сите права задржани.